Координаторот на пратеничката група во собранието на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на телевизиска дебата на МРТВ со патеникот Хари Локвенец од СДСМ и пратеничката Шпреса Хадри од ДУИ, истакна дека власта пред две години правеше селфиња, концерти и прослави за славење на датумот, а после две години се уште зборуваме за истото.

-Две години од селфито од авионот, две години од прославите и концертите низ Македонија за добивање на датум за преговори, но не се постигнаа никакви резултати, а се направија болни отстапки за Македонија, вели Мицевски.

Тој вели денеска е точно 10 години од првата позитивна препорака за Република во однос на добивањето на датум за почеток на преговори, Македонија стана колекционер на позитивни препораки.

-За жал целата неизвесност после сите пропусти кои владејачката гарнитура ги направи во изминативе години во Република Македонија, после сите реформи кои се направија со помош на ВМРО-ДПМНЕ  како опозициона партија во најголем дел законите од Планот 18 и Планот 3-6-9 оваа влада нема капацитет да ги направи реформите иако ние сакаме да се добие датум за преговори  за да не се крене евроскептицизмот кај граѓаните и затоа  што премногу долго сме во чекалната, постои разочараност кај граѓаните и младите ни се иселуваат, истакна Мицевски.

Мицевски вели дека владата кажува дека решила децениски преговори со договорите за добро соседство со Бугарија и Преспанскиот договор за кои премиери наназад не се решија да ги поминат црвените линии, Заев ги потпиша и рече дека веќе немаме проблеми и се прогласи за нобеловец за мир, но тоа е далеку од реалноста зошто соседите стекнаа права врз основа на договори, а Македонија не доби никакви гаранции.

-Референдумското прашање беше дали сте за влез во Европската унија и НАТО со потпишување на договорот од Преспа, зошто уште тогаш ги манипулиравте граѓаните, ЕУ не и се битни еден или два договори, ЕУ сака да види владеење на правото и правна држава, вели Мицески кон Хари Локвенец.