Јанушев: Македонија го има Заев кој ја потона земјата во криминал и корупција

Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да обезбеди мнозинство во Собранието на Република Македонија за предвремени парламентарни избори, водачот на криминално-рекетарската банда на власт – Зоран Заев е против и вели дека и да нема датум за почеток на преговори, предврмени избори нема да има.

И тоа речиси во истовреме кога Блумберг јавува дека Франција и Холандија инсистираат дека ЕУ не е подготвена да разговара за можноста за прием на нови членки и бараат претходно да има целосно реформирање на процесот на проширување на ЕУ, при што преговорите да бидат постепени, поконкретни во придобивките за државите – кандидати, но и реверзибилни врз основа на постигнатите реформи.

И додека власта брифира дека средбата Меркел – Макрон е за интеграциите на Македонија, светските медиуми тврдат дека е за Брегзит. И, не дека Македонија има лоша среќа, туку проблемот е што Македонија го има Заев кој ја потона земјата во криминал и корупција.

Без реални реформи, без да се одработи “домашното”, со уништена економија, со народ на “питачки стап”, со катастрофа во здравството, потценувајќи го чесниот земјоделец, со безидејноста во образованието, спортот и културата, со рекет кои “како пупка” ја отворија Република Македонија, со “блескањето” на диригираното судство и обвинителство, сме се подалеку и подалеку од ЕУ!

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...