Заев го префрли криминалниот начин на работа од Струмица во цела Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг, почитувани ова се 12 компании на кланот Заеви.

Зоран Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, нема го ниту БМВ моторот од 30.000 евра со кој што се шета низ Македонија. Тој е на фирмата Тотал Инженеринг.

Заев е предводник на Кланот Заеви и е пример за злоупотреба на моќ и позиција од јавни функционери за сопствените бизниси- од транспорт за РЕК Битола и правење ајвар, до ископ на глина преку плантажи за марихуана.

Фирмите на Заеви испумпуваат државни пари, преку РЕК Битола,експресниот пат Штип Струмица, и други градилишта финансирани од државата. Тоа е само еден пример. Фирма на кланот Заеви, доби дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе. Фирми на Заеви, го купија струмичкиот гигант Герас Цунев, над 20.000 м2, по цена на една на гарсоњера. Фирми на Заеви, стекнуваат сопственички удели во проекти за градби на згради, за суми од 40.000 евра, а вредни 10-тици пати повеќе.

Почитувани,

Заев го префрли криминалниот начин на работа од Струмица во цела Македонија. Го слушавме како вели дека е пракса да се даде мито и дека сите така правеле. Заев е пример кој што го следат и другите од неговиот Октопод на власт, а Фондот за иновации го покажа тоа.

Почитувани,

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компанија на политичари кои истовремено се и јавни јавни функционери, како Заев, отвора можност, а и перцепција, за злоупотреба на позицијата на моќ.

Почитувани, сите политичари кои вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да се отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија.

Очекуваме Заев и неговите од Октоподот да го сторат истото.

Доколку Заев не го стори тоа се отвора реален сомнеж дека позицијата премиер ја користи за влијание врз економските текови и зголемување на профитите на неговите компании.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...