Рекетот кој Заев со години го правеше во Струмица и за кој доби аболиција од судството сега го прави на ниво на цела Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на говорот на Зоран Заев

Зоран Заев се потсети на злосторството, „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“. Денеска Заев од Куманово сакајќи да го нападне ВМРО-ДПМНЕ за законот за легализација пропушти да каже дека тој за легализација на земјиште земаше мито од едно евро за метар квадратен, пари кои одеа кај Вицето.

Рекетот кој Заев со години го правеше во Струмица и за кој доби аболиција од судството сега го прави на ниво на цела Македонија.

Праксата за плаќање мито од 1 евро за метар квадратен за легализација Заев ја имал со сите објекти во Струмица, тоа сам го кажува  во видеото од кое се гледа и слуша како бара 200.000 евра.

Зоран Заев е единствен кој ја спречува Македонија да оди напред. Криминалот, корупцијата и рекетот кои во изминативе три години ги практикува се пречката Македонија да се развива.

Граѓаните бегаат од Македонија заради немаштијата која е се поприсутна, но и заради криминалот, неправдата и загубените вредности, работи за кои највиновен е Зоран Заев и СДСМ.

Криминалот е присутен во секое поле од општеството. Бизнисмени се рекетирани со месеци и години, а власта ништо не преземаше. Потребна беше реакција на  меѓународната заедница, медиумите и јавноста за ЈО да отвори истрага.

Бизнисот тоне, а само фирмите на Заеви и Анѓушев работат.

Нема ни за граѓаните. Минималната плата со која се фали, всушност ја нема. Работниците кои ја враќаат дел од сумата на газдите откако ќе ја земат на сметка се жив пример за тоа дали има или не минимална плата.

Македонија тоне секој ден.  Граѓаните се, се посиромашни. Државата се празни и тоа СДСМ го причини. СДСМ е проблемот кој мора да се реши. СДСМ  мора да си замине.

 

 

 Со почит,
 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...