Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Макфакс откри ексклузивна информација, изјавувајќи дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти.

Еве ексклузивно за вашата емисија сакам да кажам и да потврдам дека од пред некој ден практично јас ги отуѓив тие 7 проценти и веќе не сум сопственик во таа компанија. Ги отуѓив без никаков економска награда, односно новиот купец ги превзема уделот од 7 проценти во таа компанија, така што ми беше мене надоместен влогот со кој што сум учествувал се разбира, а тој ги превзема обврските кои што беа до тој момент и мои обврски,вели Мицкоски.

Тој ги повика сите политичари кои вршат јавни функции доколку се сопственици на одредени компании или пак се сопственици на малцински пакет акции во одредени компании да ги птуѓат но не формално, туку суштински бидејќи како што рече тој во спротивно постои сомнеж за корупција и за влијание на одредени економски рекови во државата.

Ја користам оваа прилика да го повикам и Зоран Заев и сите останат политичари кои што се сопственици на удели на ваков или на таков начин додека ја обавуваат функцијата, додека вршат јавна дејност да излезат од компаниите, да ги отуѓат но не формално да ги отуѓат, туку суштински да ги отуѓат бидејќи се додека таму се тие доминантни сопствени, а не сопственици на малцински пакет акции навистина постои основано сомнение за корупција, влијание врз определени економски текови во државата, изјави Мицкоски.