Претседателот Мицкоски оствари средба со Арне Санес Бјорнштад,Специјален претставник за Западен Балкан на Министерството за надворешни работи на Норвешка

Соопштение до јавноста

Вчера на ден 10.10.2019 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р. Христијан Мицкоски, заедно со советникот за надворешна политика на претседателот Стефан  Андоновски оствари средба со г-дин Арне Санес Бјорнштад на кого му го честита изборот за Специјален претставник за Западен Балкан на Министерството за надворешни работи на Норвешка.

На средбата дискутираа за тешката состојба во Република  Македонија, а особено во врска со проблемите со владеење на правото, корупцијата и секојдневните афери и скандали.

Претседателот Мицкоски ја повторил поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја дава секојдневно за добивање датум за преговори со Европската унија и желбата час поскоро да се отпочнат процесите на преговори.

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...