Цуклев: Овој ребаланс е потврда за нефункционалноста на институциите

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев на крајот на расправата за ребалансот на буџетот истакна дека иако премиерот ја најави оваа година на економски бум ние 100 дена немавме министер за финансии, а откако го добивме министерот не почести само два пати со своето присуство, овој ребаланс е потврда за нефуционалноста на функциите.

-Се работи за мерки кои ќе донесат инсант резултати кај граѓаните , а на долг рок ќе донесат несогледливи последици врз финансиската стабилност врз државата. Очигледно е дека намерата на оваа власт е да предвиди буџетски средства, да испумпа во стопанството и кај граѓаните, со цел добивање на повеќе гласови или класична изборна манипулација, вели Цуклев.

Драган Цуклев исто така истакна дека нефункционалноста на институциите се огледува преку реализација на буџетските приходи, преку кататрсофалниот низок степен на реализација на капиталните расходи, воведувањето на раст на платите за парите од плик да завршат на сметка, и други потврди на немање на институционален капацитет за да се решат проблемите на граѓаните како што е големиот проблем со аерозагадувањето, за кој владата ги замајува граѓаните со некакво субвенционирање на инвертори.

Цуклев вели дека во буџетот ќе фалат околу 250 милиони евра, а со овој ребаланс немаме сериозни корекции на приходната и расходната страна кои треба да бидат последица на пониската реализација на буџетските приходи, но имаме намалување на само околу 53 милиони евра на капиталните инвестиции, а зголемување на цели 69 милиони евра на тековните трансфери и тоа збори за тоа колку овој ребаланс е развоен.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...