Неспособноста на Заев и носи милионски штети на Република Македонија

Соопштение до јавноста

Неспособноста на Заев и носи милионски штети на Република Македонија секој ден. Не запираат дефектите во РЕК Битола. Вчера вечерта од употреба е исфрлен блокот 3 во РЕК Битола, само ден откако во функција е вратен блокот 1.

Само исклучувањето и вклучувањето на блокот 3 ја чини државата 200.000 евра, дополнително секој ден неработа ја чини државата 240.000 евра. Само за денеска штетата која е причинета во однос на буџетот изнесува околу половина милион евра.

Половина милион евра наместо за нови инвестиции и проекти во енергетскиот систем во државата завршуваат за покривање на штетите предизвикани од неспособните партиски вработени во РЕК Битола.

Неспособноста на СДСМ премногу ја чинеше државата. Само заради лошото управување на власта со РЕК Битола државата оваа година на покривање  на штетите потроши над 20 милиони евра.

20 милиони евра наместо на модернизирање на производството одат  на покривање на неспособноста на власта.

СДСМ и Зоран Заев и нанесуваат штета на државата, граѓаните и буџетот. СДСМ  и Зоран Заев мора да си заминат.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...