Арсовски: Фросина Ременски веднаш да се повлече од функцијата пратеник за да може постапката да се одвива без никакво влијание

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ не е политичка, туку рекетарска организација.

Раководството на партијата, почнувајќи од претседателот Зоран Заев е длабоко инволвирано во криминал.

Сега гледаме дека длабоко во криминал се заглавени и неговите поранешни потпретседатели и останатите функционери за кои претходно говоревме дека за криминалот за кои се заглавени беа разрешени од своите позиции од страна на Заев.

Под притисок на јавноста, Русковска обвинителството дури после шест месеци собра храброст да преземе мерки против Фросина Ременски. Отворено се сомневаме дека целиот овој период истрагата се развлекуваше само за да се избришат трагите кои водат до нејзиниот претпоставен, главата на октоподот тоа е Зоран Заев.

Цели шест месеци од јавното обелоденување на обвинителско-медиумско-политичко рекетарските шеми на Заев, Ременски беше оставена да ги извршува и партиските функции, но и функцијата потпретседател на Собранието. Цели шест месеци на Ременски и беше оставена можност да влијае и на сведоците и на истрагата и на сите други процеси во државата, практично да уценува со својата позиција.

Фросина Ременски мора да се повлече од функцијата пратеник за да овозможи истрагата да се одвива без никакви влијанија.

Фросина Ременски има моќна позиција и може да влијае и преку нејзиниот сопруг кој располага со класифицирани информации и државни тајни. Сите видовме дека сопругот на Фросина Ременски дури и преку фејсбук се закануваше со апсења. Може да претпоставиме што ќе прави наредниот период само да ја заштити својата понежна и поубава половина.

Случајот рекет е срам за Република Македонија и најдобар доказ дека целата држава е заложник на криминалците од власта. Случајот Рекет не смее да заврши како за пресметка меѓу параполициските структури внатре во СДСМ или нивен меѓусебен договор за заташкување на случајот

Правда мора да има. Улогата на Зоран Заев во рекетот мора да биде утврдена и санкционирана.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...