Стојаноска: Буџетот за оваа година е за 700 милиони евра поголем од последниот буџет кој го креираше владата на ВМРО-ДПМНЕ

Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница потенцираше дека буџетот за 2019 година изнесува 3.7 милјарди евра, односно за 300 милиони евра поголем од претходниот составен од претходната влада, а 700 милиони евра поголем од последниот буџет кој го креираше владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес расправаме за ребаланс на најголемиот буџет во историјата на Република Македонија заради тоа што оваа влада успеа да реализира капитални инвестиции од 28.2% , и заради тоашто се докажа дека буџетот за 2019 година бил нереален, напумман и наполнет со шарени лаги, посочи таа.

Пратеничката Стојаноска при своето обрќање посочи дека министерката за финансии, Нина Ангеловска на комисијата за финансирање на буџет не присуствула цели два дена и ја искажа нејзината „загриженост“ и незадоволство за неангажираноста на Ангеловска.

-Ова е игнорантен однос кон сите пратеници а посебно кон пратеницит е од мнозинството кои ќе гласаат за и кој силно се борат тука да одбранат нешто што не е за бранење, а прва што треба да го брани е министерката и барем да слуша, додаде Стојаноска.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...