Стаменковска-Стојковски: Со невнесувањето на податоци во системот Заев и Манчевски ја кријат вистинската бројка на вработените во јавниот сектор

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Невенка Стаменковска Стојкоски

Почитувани,

СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски се на прав пат да ја опустошат Македонија и да ги разораат институциите. Гарант за тоа е нивната неспособност, корумпираност и неработење.

Според извештајот на Државната ревизија, Министерството за информатичко општество и администрација троши милиони евра за софтвер кој воопшто не го користи.

МИОА воопшто не го користи софтверот за управување со човечки ресурси, набавен уште во 2014 година, во кој треба да се внесат сите вработени во јавниот сектор во Република Македонија.

Иако лани за него се потрошени 343 илјади евра, а годинава се планира да се потрошат уште 813 илјади евра, Заев и Манчевски одлучуваат дека не им треба и воопшто не го користат.

Во предизборието во 2016 година ветија дека ќе даваат месечни извештаи за бројот на  вработени административци, но последната официјална информација којашто е објавена на страната на МИОА е од декември 2017 година.

Поради неажурноста и неработата на власта во системот лани се преброени само 78.320 административци, а според информациите на МИОА во јавниот сектор лани склучиле работен однос дури 132.068 лица.

Како по правило, на Заев и на неговите послушници секогаш некој друг им е виновен. Овој пат сакаат да ги наместат обичните административци. Во ревизорскиот извештај стои дека  причината за невнесувањето на податоците е поради неажурноста од страна на вработените во институциите.

Затоа јавно го прашуваме министерот Манчевски дали невнесувањето на податоци во системот е со цел да  се сокрие вистинската бројка на административци која во изминатиов период значително се зголеми!?

Дали СДСМ ги крие партиските вработувања, кои пред избори засилено се спроведуваат и со кои се полни јавната администрација со партиски војници!?

Дали за овој пропуст и неажурност од страна на институциите со кои раководат кадрите на СДСМ, Манчевски ќе понесе одговорност?

Почитувани,

Повеќе од јасно е дека владата на  СДСМ и Манчевски се неспособни да управуваат еден софтвер, а не пак министерство или држава.

Република Македонија со  СДСМ, Заев и Манчевски е на погрешен пат и затоа e време  да си заминат. Доаѓа време на работа и грижа како за граѓаните, така и за институциите и  државата.Доаѓа обнова на Македонија.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...