Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:Шилегов наместо да гради, кради по план, зад бетонската тврдина на кровот на ГТЦ стои план за ресторан близок до власта

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје изразува загриженост поради урбаното дивеење и узурпирање на таканаречениот зелен кров на ГТЦ и сето тоа под одобрение на Петре Шилегов.

Практично бетонската тврдина која никна на кровот на ГТЦ е нова бизнис зделка на власта, каде објект поголем од предвидената зелена површина треба да служи за ресторан и истиот според неформални сознанија треба да припадне на лица блиски до Шилегов и Власта. Празната и популистичка флоскула на Шилегов “градиме по план” значи крадиме по план. Бизнис моќници од угостителскиот бизнис блиски до Шилегов стојат зад бетонската градба на ГТЦ. И додека Шилегов и неговите лееа крокодилски солзи за спас на ГТЦ сега истите го сквернават за свои бизнис интереси градејќи бетонска тврдина на самиот кров. Шилегов глумеше нервозен полицаец кога граѓанин направи штета на неколку цевки на зелениот кров кој беше во градба и објавуваше видеа, а сега кога се гради бетонска тврдина среде ГТЦ се прогласува за ненадлежен.

Неговата купи ден помини политика излегува на површина. Површноста, незнаењето и арамилукот на Шилегов и дружината го загрозуваат Скопје и ГТЦ. Бараме итно обелоденување што се крие зад бетонската тврдина на ГТЦ, дали позади тоа стои бизнис интерес на познат скопски угостител близок до Шилегов и Власта и кој е процентот и провизијата за таквата зделка?

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа.

 

Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...