СДСМ, Заев и  Манчевски единствено што знаат е да ги партизираат институциите и да вдомуваат партиски послушници

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Невенка Стаменковска Стојковски

СДСМ, Заев и Манчевски продолжуваат да лажат и манипулираат со граѓаните.

Наместо празни соопштенија кои што ги праќа СДСМ, веднаш да одговори зошто во системот се ажурирале само 78.320 административци, кога лани работени однос склучиле дури 132.068 лица?

Зошто СДСМ, Заев и Манчевски сакаат нивната  неспособност, неработа и неодговорност да ја префрлат на вработените во институциите и во извештајот од Државната ревизија стои дека невнесувањето на податоците е поради неажурност од вработените во институциите?

Зошто СДСМ, Заев и Манчевски се обидуваат да ја прикријат реалната бројка на вработени лица во јавниот сектор?

СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски не можат да ја однесат Македонија на правиот пат.

Граѓаните знаат дека СДСМ, Заев и  Манчевски единствено што знаат е да ги партизираат институциите и да вдомуваат партиски послушници.

Граѓаните знаат колку штета им нанесе СДСМ, Заев и Манчевски на институциите и на Република Македонија и затоа се плашат да распишат предвремени парламентарни избори.

СДСМ мора веднаш да замине, што побрзо тоа подобро за сите. Наскоро доаѓа вистинска грижа, професионална администрација и одговорно работење. Наскоро доаѓа Обнова за Република Македонија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...