Пемова до СДСМ: Дали со овој ребаланс на буџет ќе видат нешто учениците, средношколците, студентите, пензионерите?

Пратеничката Весна Пемова денес на собраниската седница посочи дека со ребалансот се врши реалокација на средства од буџетот од една ставка во друга ставка, се цел нели враќање што повеќе средства кај граѓаните.

Ако средствата или буџетот на Република Македонија е на сите граѓани во државата, јас ќе ве прашам дали овие средства со ребалансот на буџетот еднакво се распоредуваат или враќаат кон граѓаните, запраша Пемова.

Пемова додаде дека таа смета дека не е така, бидејќи со ребалансот на буџетот дел од средствата се враќаат кон одредена група на граѓани, меѓутоа друга група на граѓани страда. Средства кои биле наменети за таа група што страда се кратат.

Ако сметате дека пари се враќаат кон граѓаните со мерката „Мој ДДВ“, на самиот старт ќе кажам дека овој проект е неуспешен затоа што го користат многу мал број на граѓани., околу 150.000. предвидените средства од 50 милиони денари нема да бидат искористени, бидејќи досега за 6 месеци се искористени само 5 милиони денари или до крајот на годината околу 10. Значи оваа мерка како мерка нема да доведе до враќање на парите кон граѓаните онака како што предвидува премиерот, истакна Пемова.

Пемова запраша дали со овој ребаланс на буџет ќе видат нешто учениците, средношколците, студентите, пензионерите. Ако е буџетот на сите нас, дали нешто учениците, средношколците, студентите, пензионерите и други вработени добиваат нешто од буџетот?

Не, бидејќи токму во МОН со ребалансот на буџетот се врши кратење на најмногу средства, потенцира Пемова.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...