Фамозниот бројчаник кој требаше да биде поставен на Триумфалната капија, не е поставен од причина што тие единаесет милиони евра кои што се спомнуваат се само уште една торба со пари која денес обвинителството ја нарече ,,Рекет 2”. Поради тоа во сите градови, низ целата Македонија ни се случува пустош, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.

Мицкоски додаде дека доколку се добие датум за преговори со ЕУ, истиот ќе биде добиен само врз основа на политичка одлука од повисоки инстанци, а не поради реформи во државата кои повеќе од јасно не постојат.