Во своето вечерашно гостување на ТВ24 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека во Република Македонија мора безусловно да владее правото и правдината и само така Република Македонија ќе може да се пофали со реформи кои би ја одвеле до портите на ЕУ.

-Дипломатите кои се наоѓаат во Република Македонија, недвосмислено и децидно посочуваат дека на Европа не и се потребни земји каде што владеат неколку фамилии, додаде Мицкоски.