Мицкоски потенцираше дека овие грешки на СДСМ се провлекуваат долго време, иако за истите биле предупредувани. Исто така додаде дека секое насилие над правото на крајот завршува како со одлуката на Венецијанската комисија.

-Предупредувавме дека после разгледувањето на предметот за законот за јазици од страна на Венецијанската комисија, истиот ќе претрпи реперкусии, како и сите предмети кои се разгледуваат во судот во Стразбур.

ВМРО-ДПМНЕ не никогаш не била против употребата на законот за двојазичност, туку само против начинот на донесување на законот и насилието врз правото, а со тоа и повреда на самиот закон и неговото толкување, додаде Мицкоски.