Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „24 Отворено“ кажа дека ВМРО ДПМНЕ континуирано зборува за економијата и дека во програмата која што ќе биде понудена пред граѓаните има дел „Македонија технолошки тигар на Балканот “.

Мицкоски истакна дека еден од клучните приоритети на ВМРО ДПМНЕ ќе биде економијата и креирање на добро платени работни места, перспектива и стабилност.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека за сето тоа да се случи неопходно е во земјата да има владеење на правото и независно правосудство ослободено од политичките пранги кое ќе понуди простор за нови инвестиции како домашни така и странски и дополнителни средства во буџетот.