Мицкоски: Наместо со Заев, јас сакам обединување со народот

Јас би сакал да говор повеќе за обединување со граѓаните на Република Македонија, со македонскиот народ со останатите граѓаните во Република Македонија и токму тоа го правевме ние како ВМРО-ДПМНЕ, се обединивме со народот и приоритет ни беа интересите на народот и на нашата татковина и во името на тоа работевме во изминатиот период, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.

Мицкоски потенцираше дека поминува тоа време кога партиските интереси биле во прв план а државата и интересите на граѓаните во втор план, нагласувајќи дека тој како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници ќе се обедини со македонскиот народот и со граѓаните на Република Македонија.

-Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, моите соработници пратениците, буквално сите работиме во насока на тоа а што е заедничка цел на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија да се обединиме и во едно ехо да испратиме порака дека ни е потребен тој датум за да го почнеме нашиот пат кон таа заедничка цел. Јас повеќе сум за едно такво обединување,а тоа е обединување со македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а тие кои што мислат да се обединуваат со Зоран Заев нека повелат но сметам дека тоа не мудра одлука, изјави Мицкоски.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...