– ВМРО ДПМНЕ е партија од народот и за народот и ВМРО ДПМНЕ континуирано е помеѓу граѓаните во Македонија. И врз основа на тие наши теренски активности констатиравме дека нашите сограѓани долго време не биле слушнати а има многу работи што да се научи од нив и да се слушне посебно зборувам за нивните проблеми и маки коишто секојдневно ги тиштат. Одлучивме да иновираме во нашата програма односно едниот дел да биде стратешкиот а другиот дел да биде тоа што ние ќе го понудиме во форма на решенија за сите проблеми и маки на нашите сограѓани. Тоа е една од основните цели на кампањата разговори за Обнова за Македонија, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување на ТВ24.

Тој додаде дека сите проблеми кои се собрани од граѓаните кои што ги посетуваат корнерите на разговорите за обнова на Македонија се анализираат и врз основа на тоа ВМРО ДПМНЕ ќе понуди програма со решенија. Мицкоски потенцираше дека до сега одѕивот е повеќе од 10.000 такви проблеми.