Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ гостување во „24 Отворено“ вечерва истакна дека додека власта го менуваше името, го промени законот за јавни набавки за да може да спроведува тендери во четири очи.

-Додека власта го распродаваше идентитетот го менуваше законот за јавни набавки, за да можат да ги даваат тендерите во четири очи, вели Мицкоски.
Во рамките на она што имавме можност да го правиме во собранието ние тоа правевме, имавме големи народни протести и дејствувавме во рамки на тоа што дозволуваа процедурите кои бе скратени, ние не можеме да го промениме карактерот на владата и Зоран Заев на секој закон што ставаа европско знаменце, посочи исто така претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето.