Македонија со СДСМ оди кон провалија

Соопштение до јавноста

Криминал, корупција и рекет. Македонија со СДСМ оди кон провалија.

Десетици криминални случаи, а ниту една разврска.

Епидемијата со непотизам која ги зафати сите државни институции, сите функционери, од министри до локални директори остана несанкционирана. Се помина со неколку претставки од ДКСК и еден два откази, поголемиот број останаа нечепнати.

Милионскиот криминал во Фондот за иновации, каде фирми блиски до власта добиваа по неколку стотици илјади евра, како да ја имаат пронајдено парната машина во 21 век исто така е без епилог.

Без разрешница е и криминалот на Рашковски, за кого постојат сериозни сомненија дека сторил криминал од над 1.8 милиони евра.

Зоран Заев не би бил Зоран Заев доколку во криминалната влада која ја предводи не би бил најголемиот криминалец. Милионскиот рекет кој е вршен со години, не може да е вршен без знаење на Зоран Заев, кој е главата на криминалниот октопод.

Во притвор завршија директните извршители како Зоки Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева, а никаде не се зборува за нарачателите и помагачите од врвот на власта.

Зоран Заев иако е спомнуван во исказите на оштетените се уште не е повикан на  распит, како што се развлекуваше и притворањето на Јанева.

И иако пет месеци по Рекет 1 и месец по Рекет 2 се уште разрешница не е на повидок. Нема разрешница затоа што ЈО на Русковска го штити Зоран Заев.

Со Заев на чело на владата и Русковска на чело на обвинителството никаква правна разврска нема да има. Потребно е СДСМ да си замине. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...