Кузмановска: Додека СДСМ води погрешни политики, економијата забрзано тоне

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска, во своето излагање на денешната седница на Собранието на Република Македонија изрази незадоволство во врска со отсуството на министерката Нина Ангеловска. Исто така посочи дека досега многу ретко се случувало министер да не присуствува на пленарна седница, поготово ако се расправа за проблематика од неговиот домен.

-Ќе ја цитирам министерката која денес не присуствува на оваа седница. ,,Со ребалансот на буџетот, ќе се распределат уште повеќе пари за граѓаните, силна финансиска поддршка на бизнисот и отварање на нови работни местa.”

Кузмановска исто така истакна дека поради немарноста и неработењето на СДСМ средствата ќе се алоцираат и ќе се употребуваат за нови проекти, кои што првично не беа во плановите на СДСМ и мнозинството пратеници.

-Македонија го изгуби приматот на земја водилка во делот на водење на економски политики. Ни го превзеде Србија и другите блиски соседи, додаде Кузмановска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.