Ѓорчев: Според индексот за мизерија на Кето Институтот од Вашингтон владата на Заев и СДСМ во 15те најмизерни во светот

Денеска излезе листата на Kето Институтот од Вашингтон, според која Македонија е меѓу 15те најмизерни земји во светот. Од 200 земји ние во индексот на Кето Институтот сме во 15те најлоши. А сега ќе ви кажам и кои се подобри од нас. Кои влади се подобри од владата на Зоран Заев со 28 министри и со 50 советници кои само шетаат по Скопје и пијат кафиња. Еве кои земји на индексот за мизерија се подобри од нас: Колумбија е подобра од нас, потоа Пакистан е подобар, па Молдавија и африканската земја Мали се подобри од нас, Бангладеш, Индија, Папуа Нова Гвинеа, Боливија итн.. Ова е пораз ова е фијаско ова е катастрофа, рече од говорница во собранието на РМ, Влатко Ѓорчев пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со укинувањето на железнички линии кои што во Македонија ги имало 150 години, тој рече дека државата е вратена 150 години наназад. -Значи укинати се железнички линии изградени уште во 1870 година. Македонија оваа година со оваа власт на Зоран Заев и СДСМ стана земја без меѓународни железнички линии во патниот сообраќај. Значи 150 години сме вратени наназад. Се укина и железничката линија Битола – Прилеп – Велес – Скопје. Во втора лига ќе останеме без клубови. Еве октомври поминува ноември ќе дојде, децата уште немаат испечатено учебници, а прво полугодие помина. Субвенции неисплатени, исплатено само 40 отсто. 70 посто од младите, највеќе од Европа, сакаат да си заминат од Македонија. Ова е невидена катастрофа, рече Ѓорчев.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...