Без оглед на тоа кој направил криминал ако има докази за тоа треба да одговара

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Отворено потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ бара правда и владеење на правото, почитување на законите додавајќи дека секој кој што се огрешил пред законот мора да одговора соодветно пред органите на прогонот

Нашата заложба е безусловно почитување на законите и Уставот и ние ги охрабруваме органите на прогон, правосудството во државата да расчисти со криминалот, но не само да расчисти со криминалот за оние луѓе за кои постои сомнение дека сториле криминалот од 2008 до 2015. Да се расчисти и после 2015, но и пред 2008. Да се расчисти и да нема стареење за дела каде што постои сомневање за сторен криминал, секој што се огрешил пред законот да си одговара и осрамотил пред граѓаните, без разлика на тоа дали бил премиер, министер, директор или лидер на опозиција, дали бил припадник на една или друга политичка партија, кажа Мицкоски.

Мицкоски истакна дека според законот за обвинителство во секој момент може јавното обвинителство да започне одредена постапка доколку има индиции за сторено кривично дело и доколку има докази од истрагата тогаш да се покрене обвинение кое на крај ќе резултира со ослободителна или осудителна пресуда.

Никој не го спречува сите тие истраги, предистраги да ги однесе до државното јавно обвинителство и доколку државното јавно обвинителство констатира дека има индиции за сторен криминал да отпочне постапка, доколку таа постапка доведе до докази до тој сторен криминал да покрене обвинение, па потоа да има судски процес и на крајот тој судски процес да заврши со ослободителна или осудителна пресуда, посочи Мицкоски.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...