Андоновски:ВМРО-ДПМНЕ достави докази за корупција во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност

Интегрален текст од изјава за медиуми на Стефан Андоновски

Почитувани,

СДСМ успеа за две години Македонија да ја стави  највисоко на листата по коруптивни практики во светот.

После драстичниот пад на „Transparency International“ сега објавуваме веќе една недела информации за коруптивното однесување во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Бидејќи одговор од институциите под контрола на Зоран Заев  нема денеска ги собираме сите наши наводи, информации, докази кои ги имаме и ги доставуваме до канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Се надеваме дека институциите на ЕУ во едни солидни транспарентни процедури и практики ќе востановат дали постојат информации за коруптивно однесување за кои ние ги изразивме наводите изминатите неколку дена.

Од друга страна ги повикуваме  сите институции, приватни лица и организации да допрат до нас со информации кои ги имаат за наводи за други коруптивни практики од Националната Агенција  и им ветуваме дека нудиме бескомпромисна борба против корупцијата, против криминалот и ветуваме транспарентно однесување на институциите штом ВМРО-ДПМНЕ ја преземе власта во Република Македонија.

 

 

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...