Васев:Штета од над 1.2 милиони евра од четиридневното неработење на блок 1 од РЕК Битола

Интегрален текст од изјава за медиуми на Светислав Васев

Почитувани,

Зоран Заев и екипата околу него си играат држава. Над 1.2 милиони евра изнесува штетата којашто државата ја претрпе во изминативе 4 дена поради нефункционирањето на РЕК Битола.

Само исклучувањето и вклучувањето на Блокот 1 ја чини државата над 200 илјади евра. Секој ден неработа ја чини државата 240 илјади  евра или вкупно досега штетите што државата ги претрпела изнесуваат над 1.2 милиони евра.

Неспособноста и некадарноста на партиските војници на СДСМ, вработени во државните претпријатија или желбата да му се овозможи личен профит на некој бизнисмен близок до власта, снабдувач со струја ја чини држвата од почетокот на годината до денес, за само 9 месеци над 20 милиони евра.

20 милиони евра изнесува штетата која е причинета поради над 15 пати исклучување и вклучување на Блокот 1 на РЕК Битола. Пари коишто наместо на санирање на штетите од неспособноста и некадарноста на власта можеле да завршат во нови проекти и нови мерки.

СДСМ се неспосбни да управуваат со државните претпријатија. СДСМ се неспособни да менаџираат со парите на граѓаните.СДСМ мора да си заминат.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...