Пешевска: Oваа влада дојде на власт со една лажна кампања против загадувањето, шеташе по улици со маски, а сега тие маски ги нема

Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната собраниска седница истакна дека ребалансот треба да биде план и конструкција на финасиите за до крајот на годината но, во владеење и функционирање на СДСМ можеме слободно да се каже дека оваа влада работи без план.

Имено таа потсети дека оваа влада досега имаше најголем буџет за 2019 во историјата на Република Македонија за да сега имате кратење во сите облати со ребалнсот којшто се од суштинско значање на граѓаните.

-Имате кратење од 50% на средствата за водоводни мрежи, па парадоксално е во 20 век е да разговараме за вода, а бевме сведови дека и повеќето од амандманите кои беа поднесени дека се однесуваат за водовод. Кратите 50% од средствата за канализациони мрежи и одводни канали, а знаеме што се случуваше во Гази Баба кога имаше поројни дождови, кога имаше катастрофална поплава во 2016, затоа пак имате зголемување во фондот за иновации каде имаше делење на тендери под сомнителни околности по лица блиски на владеачкото мнозинство, потенцираше пратеничката.

Пешевска посочи дека има зголемување на средства во МАНУ и тоа всушност претставува награда за нивното молчење и немање став околу промената на името на државата.

-Имате зголемување во капиталните дотации на ЕЛС за животна средина и тоа требаше да ви биде приоритет затоа што загадениот воздух којшто го„ ужива“ секој граѓанин на оваа држава. Оваа влада треба да се насочи кон тие средства за животна средина и будно ќе ве следиме за сите постапки и мерки што ќе ги преземете за да се намали загадувањето во државата, објасни пратеничката.

Таа дополни дека оваа влада дојде на власт со една лажна кампања против загадувањето, шеташе по улици со маски, а сега тие маски ги нема и не шеатаат по улиците затоа што се што зборее пред избори сега за нив вас не важи.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...