Наместо во нови инвестиции РЕК Битола фрли 1 милион евра за три дена во буниште

Соопштение до јавноста – реакција на реакцијата на соопштенијата на СДСМ и РЕК Битола

Наместо во нови инвестиции РЕК Битола фрли 1 милион евра за три дена во буниште.

СДСМ со лаги и манипулации се обидува да ја затскрие својата неспособност и неработа. Доколку е така како што се правда СДСМ, зошто немаше чести испади на блокот 1 во РЕК Битола во 2017 година, туку испадите станаа секојдневие откако СДСМ почна да го полни РЕК со партиски војници.

Партизацијата која ја спроведуваат на големо ја зема својата цена. Партизацијата на СДСМ, РЕК Битола за само 3 дена го чини 1 милион евра.

РЕК Битола и буџетот на  Македонија не се бура без дно. Ефикасното менаџирање со човечките ресурси и државниот имот е обврска за менаџментот на претрпијатијата.

Недозволиво е претпријатието кое ја крепи македонското електростопанство да се менаџира со толкав  степен на несериозност.

СДСМ и нивните кадри се неспособни, затоа треба да си заминат.

 

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...