Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги разочара, ограби и излажа пензионерите дека ќе ги зголеми пензиите!

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Заев ги ограбил, ги разочарал и ги излажал пензионерите дека ќе ги зголеми нивните пензии.

-Ги ограби, ги разочара, а сега при очи ги лаже пензионерите дека ќе ги зголеми нивните пензии!

Заев во изминатиот период со добро смислена шема за промена на законската формула за усогласување на пензиите ги ограби пензионерите во земјата за 500 денари просечно на годишно ниво. Тоа се потврди со последните покачувања на просечната пензија за 63 денари за првите шест месеци од 2019 година што според старата формула за пресметка требаше да изнесува 250 денари или за цела година се крати од животниот стандард на пензионерите цели 500 денари.
Да не заборавиме дека во својата изборна програма Заев ветуваше 10% зголемување на пензиите секоја година што според вистинската состојба значи дека пензионерите со ова ветување се изманипулирани за повеќе од 1.300 денари месечно или 15.600 денари годишно.
Да биде иронијата поголема Заев сега ветува “огромно” зголемување на пензиите кое ќе било усогласено со стапката на економски раст. Ова значи дека пензиите според новата формила на Заев може да растат само ако стапката на економски раст надминува 4% годишно.
Ако го земеме во предвид фактот дека стапката на раст во периодот додека Заев е на власт изнесува 2.4% и фактот дека проекциите за растот идната година на сите меѓународни финансиски институции се под 4%, тогаш ветувањето на Заев дека ќе има огромно зголемување на пензиите е историска манипулација на која ниту еден пензионер нема да поверува, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...