Димовски: Во ситуација на намалени приходи и намалени реални капитални расходи, се прават егзибиции во буџетот за купување на гласови

Пратеникот Илија Димовски на денешната седница посочи дека во ситуација на намалени приходи и намалени реални капитални расходи, се прават егзибиции во буџетот за купување на гласови.

-Во делот на приходите имате од планирани јас имам податоци до 18-ти септември, од планирана реализација на приходите даночни 71,7%, реализирани се 66,7%. Значи има потфрлање од 5% на планираните приходи. Што би значело 171 милион фалат во делот на планирани приходи од оданочување. Тоа ништо друго не значи освен промашена проекција и недоволна економска реална активност на стопанските субјекти. Значи тоа се бројки сурови, сакале ние или не, истакна Димовски.

Димовски додаде дека во делот на расходите она што е најзначајно за граѓаните односно за развојот на државата се капиталните инвестиции.

-Колку државата прави? Владата може да наброи еден проект во Кочани, еден таму, друг ваму, но генерално од сето она што го ветила Владата за годинава дека ќе се направи, реализирано е со заклучно крајот на месец август само 28%. Народски кажано на секои четири работи што ги има ветено Владата само една е направена. Ако во четири града имаат ветено улици, само во еден град е направена. Ако во четири градови е ветена реконструкција или изградба болница, само во еден град е сторено. Во ситуација на намалени приходи и намалени реални капитални расходи, се прават егзибиции во буџетот за купување на гласови. Она што го тврдите дека исплаќате долгови, не е точно. 650 милиони евра во апсолутна цифра денеска Македонија е повеќе задолжена од тоа што била задолжена кога претходната власт си отишла. Ако сте земале нови заеми за да ги исплаќате старите заеми ќе било состојба нула. За што ги потрошивте тие 650 милиони? Има ли еден автопат направено, има ли една болница изградено, има ли нешто? Значи 650 милиони сте земале, а за две години ништо не сте направиле, нагласи Димовски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...