Земјоделството со СДСМ е во предпочетна фаза како во 19 век

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Никица Бачовски

Зоран Заев првин го уништи земјоделството, па сега со половични мерки ги залажува земјоделците.

Нивите се се попразни, во селата не останаа луѓе, кои би можеле да бидат корисници на мерката која ја промовира СДСМ.

Најзначајна работа во земјоделието е проблемот со пласманот, кој СДСМ не го реши и дополнително комплицираше на тоа поле. Заев ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени. Три години потоа, цените се пониски од што беа.

Кога земјоделците неможат да го продадат тоа што го произвеле, ниту една друга мерка не може да им го компензира трошокот.

Власта треба да разбере земјоделците работат за да заработат и исхранат семејства, тоа во овие услови не е можно.

Земјоделството со СДСМ е во предпочетна фаза, како во 19 век.

Потребни се систематски мерки, но тоа со СДСМ не е можно. СДСМ мора да си замине. Време е за предвремени парламентарни избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ. Време е за обнова на Македонија.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...