СДСМ е на прав пат за во опозиција

Соопштение до јавноста

СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија не смее да продолжи да тоне со Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која може да ја носи Македонија напред.

Неспоредливи се кадровските капацитети на тимот на Заев со тимот на Мицкоски.

Советник на Заев за енергетика е Митко Андреев, човек со кого местеа тендери, а на Мицкоски Сања Божиновска, докторант на Харвард.

Неспоредливо е да се компарираат Миле Зечевиќ со професорите Александар Климовски или Лазар Јовевски.

Неможат да се споредат Тања Чочарова со Гордана Силјановска Давкова.

ВМРО-ДПМНЕ како стручни соработници на Мицкоски има луѓе со кредибилитет, професионално докажани, СДСМ како советници на Заев има нереализирани ликови, од кои голем дел се со сомнително минато.

Македонија има потреба од луѓе кои ќе работат за државата, а не за сопствениот џеб, како што е сега со Зоран Заев на власт.

На Македонија не и се потребни повеќе луѓе без знаење и капацитет. Македонија има потреба од професионалци, кои си ја знаат работата и кои ќе го направат потребното за обнова на Македонија.

Граѓаните се погласно бараат промени. СДСМ мора да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре