Николоски: Имаше еден голем тренд на странски инвестиции кои што за жал запреа во последните години

Изјава за медиуми на г. Александар Николовски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес сме тука во општина Илинден ги продолжуваме разговорите за обнова на Македонија тука сме да ги чуеме идеите мислењата на граѓаните што мислат дека треба да правиме во идниот период. ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија многу скоро после предвремените парламентарни избори и како партија која што ќе ја предводи новата македонска влада прв пат создава една интерактивна програма во соработка со граѓаните која што сакаме да слушнеме што граѓаните мислат дека треба да се направи во следниот период.

За жал овие три години се години на уништување и уназадување, години во кои што корупцијата цвета а економијата тоне. Години во кои што гледаме рекет и корупција, гледаме торби полни со пари кои што одат кај лица блиски до власта а во исто време гледаме економија која што тоне и луѓе кои што ја напуштаат државата. Тоа треба да се промени и со идеите коишто ги очекуваме од граѓаните очекуваме тоа да се промени.

Општина Илинден е одличен пример како треба да се работи тука би сакал да честитам на градоначалникот и на советниците од општината кои што заеднички работат се борат и успеваат ова општина да ја направат една од најуспешните во Македонија. Практично скоро и да нема поголема компанија во Македонија која што нема тука свој производствен капацитет или свој дел, скоро и да нема посериозен бизнис кој што не инвестирал тука во општина Илинден што само покажува дека тука има една отворена општина која што помага на бизнисот да се развива и покажува како може да се работи чесно, одговорно и во корист на граѓаните. Ова што можеме сите да го видиме навистина е импресивно и е нешто што ќе продолжи да се развива во следниот период. На општината секако и треба силна поддршка од централната власт, таа поддршка доаѓа со една одговорна влада  која што знае да отвора можности и која што знае да носи инвестиции.

Би сакал тука да споделам со вас неколку информации поврзани со инвестициите во Македонија кои што практично отвораат работни места. Знаете дека имаше еден голем тренд на инвестиции пред се странски кои што за жал запреа во последните години.

Во Јануари месец ова година премиерот Заев најави дека Фолксваген ќе отвори фабрика во Македонија дури и го злоупотреби името на канцеларката Меркел и нејзиниот советник за надворешна политика Хекер. Деновиве официјално Фолксваген ја објави својата инвестиција таа за жал не е во Македонија таа е во Турција, вредноста е една милијарда и четиристотини милиони долари фантастична бројка, некаде околу една третина од целокупниот македонски буџет за споредба. Отвора 5.000 директни работни места и уште 10.000 индиректни работни места ќе произведува преку 300.000 автомобили.

Според она што го објави Фолксваген Македонија за жал воопшто не ни влегла во финалната фаза на избор,  односно во финалната фаза на избор биле Србија, Бугарија, Романија и Северна  Африка но не и Македонија што  за жал уште еднаш потврдува со каков човек имаме работа со таков човек кој што ја лаже македонската јавност но и меѓународната јавност имаме работа човек кој што ден поскоро треба да замине на предвремени избори. Во исто време Македонија е еден феномен каде што странски директни инвеститори кои што одлучиле да инвестираат во државата одлучуваат своите втори или трети фабрики  да не ги отворат во истата, па така три големи странски инвестиции кои што веќе имаат инвестирано во Македонија одлучија своите втори или трети фабрики наместо во Македонија како што беше планирано да ги отворат во Србија и со тоа Македонија изгуби преку две илјади работни места. Тоа се две илјади семејства тоа се две илјади судбини. Ги изгуби затоа што овие инвеститори според нивните кажувања не наоѓаат партнер во владата со кој што можат да соработуваат за да продолжат да инвестираат тука и за жал бегаат во соседна Србија. Тоа е нешто што мора да запре и нешто што мораме да го запреме на следните парламентарни избори после кои ќе се формира една одговорна влада на чесни и одговорни луѓе, луѓе кои што знаат да ја раздвижат  економијата напред, луѓе кои што ќе стават крај на корупцијата и ќе воведат ред во државата                             

Ви благодарам на вниманието

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...