Заев и неговите советници се способни само за криминал

Соопштение до јавноста

Кој има поголем капацитет да го забрза патот на Македонија кон ЕУ? Кој може да помогне земјава да ги достигне европските стандарди во разни области?

Дали Љубе Бошковски, осуден за незаконско финансирање на изборна кампања, човек кој повреди со огнено оружје новинари и гости на полициска вежба или професорот Хозе Караско од Кралскиот Универзитет „Хуан Карлос“ во Мадрид, Шпанија?

Дали има поголем капацитет естрадниот менаџер Зоран Башановиќ, кого српските медиуми го опишуваат како измамник кој бил апсен во САД за кражби по продавници или Јанко Баждавела кој што живее и работи во Њујорк, а има специјализација на „Квинс“ Универзитетот во Белфаст, бизнис школата во Париз, а моментално работи во „Коркоран Груп“ на висока позиција, компанија мултинационална која што има годишен обрат со повеќе од 21 милијарда долари?

Дали има поголем капацитет Силвио Аврамовски осудуван за вооружен инцидент или Проф. Д-р. Сашко Кедев, дописен член на Македонската Академија на Науките и Уметностите од 2015 година и визитинг професор на Универзитетот во САД, во државата Северна Каролина?

Дали има поголем капацитет Филип Андов Сокол, познат, пријавуван насилник или Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова?

Дали има поголем капацитет за политики во културата Цветанка Ласкова или Игор Дурловски?

Дали има поголем капацитет Горан Стаменковски кој физички напаѓаше колешки во Основниот суд Скопје 1 или Сања Божиновска докторанд на Харвард универзитетот во САД?

Дали има поголем капацитет фестивалскиот водител Ѓорѓи Калајџиев или репрезентативецот Борко Ристовски?

Разликата е очигледна. Јасно е зошто овие три години Македонија стагнира, не е ништо изградено, а бројот на сиромашни се зголемува. Заев и неговите советници се способни само за криминал.

Разликата е очигледна и граѓаните ќе може да изберат на претстојните избори кој може да им обезбеди просперитетна иднина за нив и нивните потомци. Разликата е како црно и бело и тоа е причината поради што Заев и СДСМ се плашат од предвремени избори. Заев може да бега од соочување со граѓаните , но не може да избега. Претстои обнова на Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...