Славевски: Ние сме во постојана комуникација со граѓаните, ги слушаме нивните предлози и идеи и заедно ќе придонесиме кон зголемување на економскиот раст

Интегрален текст од изјава за медиуми на Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Добар ден на Тетово, добар ден на граѓаните на Тетово,

Ние со тимот од политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја продолжуваме акцијата, турнејата како што кажа нашиот претседател за Обнова на Македонија, за Република Македонија да тргне по вистинскиот пат не по правиот пат, тоа е србизам.

Почитувани,

Знаеме дека состојбите во Македонија не се добри и за жал од ден на ден се вложуваат. Владата на СДСМ ја прогласи 2019 година откако две третини од годината поминаа наводно за економска година, настојуваат да не убедат дека била најдобрата во последните 15 години а тоа не треба да биде човек кој знае колку образован за да виде дека тоа не е така, дека ние сме имале години со подобар животен стандард и со подобар економски раст во Република Македонија.

Ние сакаме да го достигнеме тој период кога Република Македонија беше побезбедна, кога економијата беше на прво место и кога се постигнуваше висок економски раст.

Ние сме загрижени за безбедноста на граѓаните. Внимавајте во период кога ние сме во Тетово, во период кога имаме релативно стабилни меѓунационални односи, не е разбирливо како луѓето не се чувствуваат безбедни по улиците, по домовите, по кафеаните, по болниците, полицајци се напаѓаат и вакво нешто не сме имале и малку е чудно како владата не е  способна да воспостави нормално живеење или да постигне нормално живеење на граѓаните.

Тука сме да собереме мислења, идеи, предлози од граѓаните како што тоа го правиме секогаш во минатото, ние имаме подлога, имаме визија како на економски план, затоа што економските прашања и прашањата на вработувањето, животниот стандард  се она што најмногу ги засега граѓаните да понудиме една програма која што ќе ја поттикне економијата кон побрз раст, а тука ни се неопходни корекциите и предлозите од македонските граѓани и затоа како што гледате ја крстосуваме Република Македонија и денес тоа го правиме во Тетово.

Без разлика што ќе биде одлуката на 15, 17 овој месец на Европскиот совет затоа што е многу неизвесно дали Република Македонија ќе добие датум, каков датум, чист со услови и така натаму, сакам овдека да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период на секој можен начин придонесувала без разлика дали е на власт или во опозиција за остварување на Евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Доколку ја добиеме довербата на граѓаните, на идните парламентарни предвремени избори верувајте ние ќе создадеме тим кој што до тој степен ќе го забрза процесот доколку добиеме датум за преговори, што ќе го скратиме не за месец, туку за години на приближување на Република Македонија кон стандардите на Европската унија, она што го заслужуваат македонските граѓани.

Прашање, новинар: Дали бевте и во другите градови и кои се предлозите?

Одговор: Да веќе јас предводев ти м во општина Петровец минатата сабота, во викендите одиме во населени места, во текот на работните денови исто така претседателот беше во Битола и во Ресен. Најмногу граѓаните ги засегаат прашањата околу вработеноста, работните услови, животниот стандард, растот на економијата  и прашања кои што се од безбедносен карактер. Јас намерно не спомнав она што можеби е во првите приоритети, а тоа е воспоставување на вистинска правна држава, владеење на правото за што ќе се бориме.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...