Зборувате за субвенции и програми. Тоа убаво звучи но аргументите се сосема поинакви. зошто не им кажете на граѓаните дека Програмата за финансиска поддршка е во минус од 65 милиони евра. Што правете овие три години, каде завршуваа парите од земјоделците, праша Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Трипуновски додаде дека владата на СДСМ го сменила законот за земјоделско земјиште и дозволила на прва класа земјоделско земјиште да се градата хотели и ресторани, потенцирајќи дека тоа е целосна негрижа во земјоделието и земјоделците.

Зборувате за земјоделско земјиште. Господине Трајан вашиот претходен министер Љупчо Николовски затоа ли избега во седиштето на СДСМ, се сокри од пропустите кои што ги правеше во тој дел. Земавте го сменивте законот каде што меѓу другото дозволивте на прва класа земјоделско земјиште да се градат хотели и ресторани, наместо да се грижите за земјоделското земјиште дозволувате промена на законот, за такви ли прогресивни политики зборувате, праша Трипуновски.