Мицкоски: За разлика од СДСМ ние сме со народот

Има една суштинска разлика помеѓу „Обновата за Македонија“ и „Правиот пат“ како што вчера го нарекоа од СДСМ, а тоа е што ние сме помеѓу граѓаните, на улиците, на плоштадите и разговараме лице во лице, очи во очи со нив. Ние не ги бираме гостите на нашите настани, туку гостите нас не бираат, доаѓаат се жалат и ги кажуваат своите проблеми, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во денешното интервју за вестите на ТВ Алфа.

Мицкоски нагласи дека СДСМ не сака да ги слуша реалните проблеми на граѓаните, па затоа наместо со народот тие се затвораат по сали каде што присуствуваат исклучиво поканети гости со однапред нарачани прашања.

Она што го прави СДСМ е практично затворање по сали, нарачани гости кои што претпоставувам ќе поставуваат нарачани прашања за да го овеличат лидерот кој што така исцрпно ќе кажува. Но, секако ќе бидат заборавени теми или забранети теми како што се Рекет, тендерашко и останатите слични теми, смета Мицкоски.

Тој ја искоментира и кампањата на СДСМ која што ја најавија вчера, укажувајќи дека кампањата претствува бледа копија на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека треба да продолжат учат од ВМРО-ДПМНЕ.

Она што го направија всушност претставува една бледа реакција на она што ВМРО-ДПМНЕ го прави периодот наназад. Но, добро е вака од позиција на власт што учат и копираат, има што да научат, нека продолжат. Ние ќе продолжиме да се среќаваме со граѓаните, по улиците, по маалата , ќе продолжиме да разговараме и да ги прифаќаме критиките за она што можеби во минатото како политики на ВМРО-ДПМНЕ нанеле штета некому, да ги слушнеме нивните аргументи онаму каде што треба ќе ја прифатиме таа вина, а онаму каде што имало добри политики тогаш тие политики да ги надградиме и прошириме, потенцираше претседателот Мицкоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...