Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо со метла против отпадот, направи метла на градскиот буџет за 16 милиони денари

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје реагира на недомаќинското и непланско трошење на парите на скопјани и Градскиот буџет при набавката на контејнерите и опремата за собирање на смет, каде што можеше за истата сума на пари да се купат многу повеќе средства за третирање на отпадот.

Имено Градот Скопје набави опрема за ЈП Комунална Хигиена, возила и канти за смет што е редовна работа на еден градски татко.

Вредноста  на набавката според медиумите е 1.5 милиони евра или околу 90 милиони денари од буџетот на градот Скопје. На истата набавка мора да се плати ДДВ во вредност од 18% или околу 16 милиони денари.

Ако парите преку Советот на Град Скопје се префрлеа на Јавното Комунално претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, немаше да се плати ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со ваквиот потег Петре Шилегов го оштетил Градот Скопје и Скопјани за 16 милиони денари, пари кои можеа да се искористат за набавка на додатна опрема за смет.

Ова отвора дилеми дека и зад она што во јавноста Шилегов и Јанчева го продаваат како револуционерен потег всушност се крие оштетување на буџетот и можна корупциска афера.

Шилегов наместо со метла против отпадот, тој направи метла на градскиот буџет, олеснет за 16 милиони денари.

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.

 

  Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.