Мицевски до СДСМ: Прашањата и проблемите кои што ги имате во коалицијата да ги решавате на друго место

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, се обрати и пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски при што посочи дека срамота е пратениците од власта да ги кочат седниците каде што се поставуваат пратенички прашања, во момент кога во државата владее хаос и безредие.

-Овој скандал и оваа рашумулијада што ја прави власта, на денот на поставување на пратенички прашања, се нема случено ни во најминималните демократии во светот. Двете коалициони партии од власта замислете на денот на поставување на пратенички прашања, кога треба да се обратат пратениците посебно од опозицијата, во ситуација кога имаме безброј скандали во Република Македонија, имајќи во предвид дека минатиот месец согласно Деловник не се одржа седница па ја поместивме за денес. А, пак Владата, односно коалиционите партнери измислуваа кавга меѓу себе со одлагање на почетокот на седницата за пратенички прашања, појасни Мицевски.

Мицевски се обрати до пратениците на власта и на премиерот дека прашањата и проблемите кои што ги имаат во коалицијата да ги решаваат настрана односно на друго место, а не да се узурпира просторот и времето за одржување на седница за пратенички прашања.

-И во изборната програма на стр. 23, во делот отчетност на власта, велите – „Заради отчетност на Владата и Собранието, седниците на пратенички прашања наместо еднаш месечно ќе се држат еднаш неделно“. Но и тоа еднаш месечно кое што треба да го држиме пробувате на разно разни начини да го ускратите се со една цел да не бидат медиумите присутни и да не ја пренесат критичката мисла од страна на опозицијата, посебно во услови кога во државата се случува хаос, нагласи Мицевски.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...