Ѓорчев оствари билатерални средби со делегациите од Велика Британија, САД и Германија

Соопштение до јавноста

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е во посета на Велика Британија и присуствува на Годишната конференција на Конзервативната партија.

Ѓорчев оствари повеќе билатерални средби. Тој се сретна и оствари разговор со Мартин Викерс, пратеник во британскиот парламент и шеф на парламентарнатаа група за соработка со Македонија, кој најави и своја посета на Македонија во наредниот период.

Ѓорчев се сретна со делегацијата на германската ЦДУ и фондацијата Конрад Аденауер (КАС) предводена од меѓународниот секретар Бертил Венгер и Детлеф Зајф, пратеник во германскиот Бундестаг, како и Феликс Дане, директор на фондацијата Конрад Аденауер (КАС) за Велика Британија.

Ѓорчев оствари средба Јан Ерик Сурочак, директор за трансатлантска соработка на ИРИ од Вашингтон. На средбата стана збор за добрата соработка помеѓу ИРИ и Републиканската партија со ВМРО-ДПМНЕ, како и вкупните односи на Македонија и САД како земји пријатели и сојузници.

Претходно Ѓорчев се сретна со Алек Шелбрук, пратеник од редовите на Конзервативната партија и со Д-р. Џон Хејвард, директор на форумот за политики на Конзервативната партија.

Ѓорчев истакна:

„Ги информирав соговорниците за состојбите во Македонија, како и за очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.  За нас е важно да бидеме на важните места за меѓународната политика. Токму затоа се важни добрите и пријателски односи со нашите сојузници од САД, ЕУ, Велика Британија и Германија, како и средбите кои што ги имав со делегациите од овие земји”.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...