Шефот на криминално-рекетарската власт Заев, практично призна дека бил во целосен дослух со обвинителството за аферата „Рекет 2“

Онака ноншалантно и лаконски, шефот на криминално-рекетарската власт – Зоран Заев, практично призна дека бил во целосен дослух со обвинителството за аферата “Рекет 2”.

Практично призна дека вршел влијание на шведската компанија да не инвестира во Република Македонија, а на прашањето од каде имал сознанија за истрагата на македонската партнер компанија, отворено си кажа дека информациите му се од обвинителството.

Значи, Заев има отворена он-лајн линија за сите случаи од обвинителството и си ги користи како негов сектор во владата. А, повиканите за овој најнов рекетарски скандал како Ден Дончев со уште “покилави” одговори и со триење на рацете како чиракот од Македонските народни приказни. Си “цупка” човекот затоа што незнаат веќе што да излажат.

И по 3 дена од признанието на Заев сеуште го чекаме “независното” Рускоска обвинителство да отвори истрага од каде му се таквите информации на Заев и од каде знаел дека се води истрага.

Да беше ВМРО во прашање сигурен сум дека и во истиот час ќе напишеа пријава, а ако беше новинар може досега и во затвор ќе завршеше. Но, овие “бели мечки” од власта ќе останат така уште некое кусо време, уште некој месец, се до смена на власта.

А крајот силно мириса.

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...