„Рекет 2“ е скандал од високата корупција кој што го открива сето делување на октоподот на власт

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Десетина и повеќе денови „Рекет 2“ ја тресе македонската јавност, а Ден Дончев и Венко Филипче се уште се на функции и се уште раководат со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и со Министерството за здравство, иако против нив има кривична пријава која што се надополни и со лице од „Рекет 1“- човекот со чантата „Луј Витон“ – Зоран Милески Кичеец. Наводите од кривичната пријава се потврдени од Зоран Заев, а тие се уште раководат со институции каде што можат да влијаат врз докази и сведоци. Уште повеќе може да го повторат делото. Невозможна е истрага и вистинско расчистување на „Рекет 2“, додека Дончев и Филипче се функционери. Потребни се оставки и кредибилна истрага.

Почитувани,

„Рекет 2“ е скандал од високата корупција кој што го открива сето делување на октоподот на власт. Премиер, министер и директор на здравствен фонд признаваат дека вршеле притисок врз домашна компанија, злоупотребиле позиции и овластувања за одвраќање на светски здравствен гигант, шведската компанија да не инвестира во Македонија, да не влезе во Македонија и да не ги подобри условите и услугите за пациентите. Уште повеќе, премиерот признава средби со Кичеец, човек кој што се појавува и во „Рекет 1“ и сега во „Рекет 2“.

Почитувани,

Првично беше негирано учеството на Кичеец во „Рекет 2“, како што велеше Дончев, го знаел од ТВ.

Почитувани,

Зад „Рекет 2“ стои кривична пријава и јавни сведочења, стојат лукративни цели, наголемо се зборува за месечни транши кај благајник со брада во Струмица, се зборува за преземање на домашна компанија, се зборува за уцени преку злоупотреба на ЈО и УФР.

Почитувани,

„Рекет 2“ е огромен скандал кој што зад себе крие огромни прашања, за кои што се уште нема институционални одговори:

Дали и за колкави рекетирани суми се работи во „Рекет 2“? Дали биле исплаќани месечни транши рекет кај благајник со брада од Струмица кој што се споменува во јавноста? Кој е и чиј е тој благајник со брада? Дали одвраќањето на шведската компанија зад тоа стои намера за преземање на домашната компанија? Дали улогата на Кичеец повторно била да ги пренесува парите, рекетот до благајникот со брада, или овој пат има и улога да пренесува уцени? Зошто и по цела година од истрагата нема резултат за криминогени дејствија, според кажаното од Заев, Дончев и Филипче, а парите на домашниот бизнисмен се уште се замрзнати? Колкава е улогата на Управата за финансиско разузнавање, преку која што е замрзнат имотот од продажбата? Дали зад замрзнувањето на имотот стои уцена за добивање на дел од колачот од продажбата?

Почитувани,

Се отвораат и други прашања. Доколку Заев, Филипче и Дончев се сомневале во „Диамед“ зошто ФЗОМ испратил авансно три милиони евра, а Фондот им доцни на матичните доктори и по 90 дена со исплата? Зошто стеријализацијата оди кај фирма која што има истраги, а има и судски процес во соседна Албанија и во Италија? А, нема предупредување од Дончев до министерот за здравство Венко Филипче? Тендерот за хемиски реагенси е доделен на фирма регистрирана месец дена пред да го добие тендерот за реагенси, ама Дончев не реагира. Не се реагира кога се даваат пари од државата на сомнителни фирми. Ден Дончев, Венко Филипче и Зоран Заев очигледно биле посветени само и само за продажбата на „Диамед“.

Почитувани,

Овие прашања заслужуваат одговор. Но со октоподот на власт, со веќе признатата спрега на власта со јавното обвинителство, со дојавите од обвинителството до Зоран Заев за нивните дејствија, одговори на овие прашања се невозможни. Потребни се оставки, потребно е вистинско расчистување со високата корупција и рекетирања на бизнисот. Но, се додека октоподот е на власт, јавноста ќе биде скандализирана со нови и нови рекетарски, криминогени, коруптивни скандали без вистинска завршница. Потребни се итни избори, и веднаш потоа обнова на Македонија!

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...