Димков: За жал морам да констатирам дека  во делот на ова не се испочитувани неколку законски норми

Интегрален текст изјава за медиуми на Трајчо Димков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Денес го разгледувавме извештајот на комисијата за селекција за премин на вработените од УБК во АНБ. Јас вчера дадов изјава во однос на тоа, затоа што чувствував обврска. И претходно имаше неколку изјави од медиуми од лица и така натаму каде што бев посочен и на некој начин и обвинет,  дали или како учествуваш што направи за време.

Чувствував обврска дека треба да кажам, сведоци сме дека во Република Македонија безбедносниот систем се наруши подолго време, се утврди потребата дека треба да се направат реформи. Една од реформите покрај ОТА и другите реформи е и создавањето на Агенцијата за национална безбедност.

За жал морам да констатирам дека  во делот на ова не се испочитувани неколку законски норми. Јас ги кажав тогаш, стојам на она што го кажав вчера, а тоа се тестот за интегритет, полиграфско тестирање, мислењето од Антикорупциска за кое јас препорачувам да видете како треба  биде во однос на ова и понатамошното делување, меѓутоа во однос и на датумот на донесување на одлуката требаше да биде 20-ти, меѓутоа да бидам искрен беше еден тежок процес и многу краток период за да се реши целата работа.

Меѓутоа факт е дека не се заврши во тој дел и субјективноста иако е субјективно мое мислење она што успеав да го видам се плашам дека во делот на оценките  имаше субјективност. Реагирав за време на процесот дека има одредени проблеми, сугерирав за одредени размислувања за лица кои што сметав дека можеби треба да влезат во  АНБ, затоа што се со долго искуство, долг стаж, биле началници. Сугерирав луѓе ве молам бидејќи не ги знам началниците од другата страна, ве молам имајте ги во предвид тие луѓе се со големо искуство, да не се направи штета или некоја лична можеби не толку партиска, туку лична кавга и за тоа да бидат слабо оценети.

Имаше лица кои на некој начин беа школувани, имаа обуки и сертификати на високи рангирани служби за таа потреба и тука исто така укажував дека тие луѓе треба да се дадат.

 

Дадов поддршка на крајот на процесот, тогаш кога се заврши, се со цел овој процес бидејќи беше краен рок тоа беше 30 и 31 ноќта кога работевме, беше страшно тешко со цел да можат тие луѓе на некој начин да влезат во службата. Меѓутоа за волја на вистината, бев поставен во оваа институција со обврските кои што ги имам јас морам и под притисокот да ја информирам јавноста  што  се е на преговор.

 

Не навлегувам во личните квалификации за некоја личност ниту партиска, ниту било каква, сведоци сте за некои личности кои што се спомнуваа и влијанието нивно дали било или не било во целиот процес, меѓутоа ние  мораме да кажеме дејка дел од законските обврски не се испочитувани.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...