Јаулески:Првиот академски час за студентите и професорите започна со многу проблеми

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Првиот академски час за студентите и професорите започна со многу проблеми.Студентите и професорите се соочуваат со неефикасен Закон за високо образование и со нефункционално студентско организирање.

Една година откако власта го изгласа Законот за високо образование, тој е само празно слово на хартија.

Студентите не можат да делегираат свои претставници во телата на факултетите и универизтетите, студентското организирање е буквално уништено.

Претставниците од власта кои навидум декларативно се бореа за посилна студентска организација ја угушија и онаа која што постоеше и се сместија во удобните владините фотелји.

Студентите и оваа година немаат подобри услови за студирање, нема повисоки стипендии, нема подобри услови во студентските домови, а за изградба на ветениот студентски град  не станува ниту збор.

Не работи ниту Одборот за акредитација и евалуација, кој треба да го мери квалитетот на образованието.Затоа нашите универзитети и образованието тонат.

И додека образованието се соочува со еден тон проблеми, власта наместо да се насочи кон развој на истото со ребалансот на буџетот кратеше средства од ставката за образование.

Власта која нанесе огромна штета врз образованието наскоро ќе си замине.Доаѓа време за обнова на Македонија.

Нека им е среќен и успешен почетокот на студентската година на сите студенти и професори.Секогаш да се борат за подобро и поквалитетно високо образование. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде нивен сојузник.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...