Затуроска: Оваа влада не може да реализира една стотинка од тоа што го направи преходната влада

Лилјана Затуроска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека проблемот со оваа влада не може да реализира или креира ниту буџет, ниту ребаланс на буџет којшто ќе оди во интерес на напредокот на економијата на граѓаните.

Имено таа и постави прашање до граѓаните дали тие знаат што е проблемот?

-Проблемот е што оваа влада не може да излезе од оценката на упешноста на минатата влада.Тоа е почитувани граѓани, што не можат со судбината, што некој пред нив направил многу тоа, а тие една стотинка од сето тоа не можат да реализираат и ќе можат на ваков начин единствено само да се правдаат , истакна Затуроска.

Пратеничката потенцираше дека проектот Скопје 2014 ќе го брани со сиот кредибилитет затоашто е направ во едно исклучително тешко време , кога држава беше од сите страни напаѓана дека земјата нема историја дека сме биле измислена држава.

-Кога почна да се вади историјата којашто не знам од кои причини вас ве иритира за да се каже од кога нашата Република Македонија постои е тогаш вас не ви одговара.Зошто да не одговора историјата којашто е наменета на ваши предци, додаде Затуроска.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...