Заев е главата на криминалниот октопод кој ја опустоши Македонија    

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој за жал ја опустоши Република Македонија.

Зоран Заев од самиот почеток, откако дојде на власт, знаел што работи и какви дејанија врши Бојан Јовановски алијас Боки 13.

Вчера, Зоран Заев во свое излагање призна неколку работи во однос на Боки 13 и и неговата телевизија 1ТВ.

Практично Заев вчера призна дека во телевизијата 1ТВ имало скриено сопствеништво од страна на Боки 13, што всушност е забрането со закон во Република Македонија. Знаел и воопшто не покренал никаква иницијатива за да се преземе нешто од надлежните институции. Практично во целиот проект Зоран Заев бил соучесник од самиот почеток и негова поддршка, односно поддршка Бојан Јовановски односно Боки 13.

Зоран Заев вчера изнесе и уште едно посериозно признание, а тоа е дека истата телевизија во која Боки 13 имал скриено сопствеништво била „провладин медиум”, потенцирам ја окарактеризира како „провладин медиум“ и практично целото време работела во корист на власта од самиот почеток па се до нејзиното затворање.

Со самото тоа што за медиумот на рекетарот Боки 13, Зоран Заев призна дека бил „провладин медиум” значи дека во пресрет на референдумската кампања и кампањата за претседателските избори 1ТВ работела единствено во корист на Зоран Заев и СДСМ.

Со ова Заев и власта комотно може да се заклучи дека се одговорни за следново дело: примање награда за противзаконито влијание, односно нематеријална награда, со што би се здобиле со повисок рејтинг и политичка корист за премиерот и за власта.

Да потсетиме дека 1ТВ е вмешана во најголемиот случај „Рекет“ и дека не би можел скриениот сопственик Боки 13 да рекетира без да ја има поддршката од Зоран Заев и од СДСМ.

Зоран Заев е човек за кој криминалот е секојдневие и навика. За Заев криминалот и прекршувањето на законите е нормална појава, нормална работа и практично дел од неговото секојдневие.

Затоа одговорност за целиот криминал мора да има, и кога тогаш ќе има, веднаш штом се врати правната држава во Република Македонија.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...