СДСМ и Златко Марин покажуваат огромна незаинтересираност за состојбите во општината

Интегрален текст од изјава за медиуми – Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром

Почитувани,

СДСМ и Златко Марин покажуваат огромна незаинтересираност за состојбите во општината.  Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата тоа можевме да го забележиме од посетите на населбите во Аеродром и разговорите со граѓаните.

Се што вети Марин пред избори се покажа како апсолутна лага. Граѓаните се разочарани, проблемите се зголемуваат и  за жал нема кој да им помогне.

Од остварените посети на Мичурин, Ново Лисиче, Лисиче, т.е. улица Тодор Чангов и населба Лисиче, можевме да чуеме за огромен број на проблеми. Но Градоначалникот Марин за жал избегнува да се соочи со овие проблеми на граѓаните. Тој не само што не се појавува пред граѓаните, туку истите теми ги избегнува и во самиот Совет на општината.

Оттука ние како Советничка група сме принудени проблемите на граѓаните да ги адресираме вака јавно преку медиумите:

Хигиената и одржување на зеленилото во општината секаде е огромен проблем. Што прави Општина Аеродром во таа насока?

Јавноста гледа дека нула се инвестиции за подобрување на инфраструктурата и решавање на реалните проблеми на граѓаните. Каде се трошат народните пари, ако не на комунални и инфраструктурни проекти?

– Дали и како планира градоначалникот Марин да го реши проблемот со недостаток на паркинг места во Мичурин и Ново Лисиче?

– Дали планира изградба на сервисна улица паралелна со Булевар 3-та Македонска бригада во делот на месноста Табак сити?

– Дали ќе го исполни ветувањето и ќе донесе ДУП-ови за населените места во Лисиче или ќе урбанизира само онаму каде што има интерес од изградба на згради?

– Дали и кога планира да го изгради училиштето Димитар Македонски во населба Лисиче?

– Дали планира реконструкција на амбулантата или изградба на нова амбуланта во населба Лисиче?

– Дали воопшто планира изградба на градинка во Мичурин и на улица Тодор Чангов, ветена во програмата?

Како советничка група редовно поставуваме прашања до градоначалникот, но за жал истиот не не удостојува со одговори, а уште позагрижувачко е што на неколку поставени прашања до него, добивме одговор дека општината нема информации за реализација на партиска изборна програма. Ако Марин има кратко паметење, граѓаните добро паметат што им ветуваше пред изборите. Марин може да се крие, ама не може да избега од јавноста.

Граѓаните на дело ја гледаат неспособноста и неработењето на актуелната локална власт и не дозволуваат веќе со празни зборови и ветувања да бидат лажени од страна на Златко Марин.

 

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...