Октоподот на власт ја уби борбата против високата корупција

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев денеска одговори за случајот „Рекет 2“, и за на повиците Ден Дончев и Венко Филипче да бидат изземени од позициите заради поднесена кривична пријава против нив за рекетирање, злоупотреба на државни институции и обиди за преземање на домашна компанија. Зоран Заев со денешниот заеднички настап со Ден Дончев и Венко Филипче, потврди дека имале средби со Зоран Милески Кичеец, човекот со кој што се надополнува кривичната пријава за „Рекет 2“. Зоран Заев потврди дека знаел за „Рекет 2“ и дека е вистина наводот во Кривичната пријава за одвраќање на странскиот здравствен гигант да влезе во Македонија. Зоран Заев денеска откри дека речиси цела година однапред знае што ќе работи обвинителството и знае против кого и каков случај ќе отвора обвинителството. Зоран Заев ја потврди спрегата на октоподот, Зоран Заев ја потврди спрегата на извршната и јавнообвинителската власт, Зоран Заев потврди дека е запознаен со рекетирањето и случајот „Рекет 2“!

Почитувани,

Октоподот на власт нема намера да има расчистување на високата корупција. Зоран Заев застана со Ден Дончев и Венко Филипче, што според сите критериуми е покажување на политичка заштита врз овие двајца среде отворен процес по поднесена кривична пријава!

Наспроти лагите за борба против високата корупција, Зоран Заев со денешниот настап со Ден Дончев и Венко Филипче упати невербална порака дека треба случајот да се забошоти. Оттука Заев невербално порача дека двајцата нема да бидат тргнати од позициите каде што може да влијаат врз докази и сведоци. Заев невербално порача дека е против расчистување на дилемите имало или не исплаќани месечни транши кај благајник со брада во струмичко. Едноставно, Заев со денешната прес конференција со Дончев и Филипче упати невербален притисок врз правниот систем во Република Македонија.

Почитувани,

Има кривична пријава против Дончев, Филипче и Кичеец, во која стои дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, сакаат да имаат удел во продажбата, можеби сакаат да ја преземат компанијата, се споменуваат месечни транши, рекет до благајник со брада во струмичко, и никому ништо? Според кривичната пријава, била злоупотребени нивните институции каде што управуваат и УФР и била најавена истрага скоро цела година пред истрага и да се случи, а сега и Зоран Заев го потврдува тоа, и никому ништо? Зоран Заев потврдува дека точно знае дека капиталот од трговијата е замрзнат, иако и по година дена од истрагата дека нема никаков докажан криминал, што е класичен пример за притисок врз домашниот бизнис и одличен пример за бизнис амбиентот во Република Македонија!

Почитувани,

Се додека државната мафија, октоподот е на власт, Македонија нема да исполни едно круцијално прашање за евроинтеграциите, а тоа е борба против криминалот и корупцијата. А, токму тие се одлика на оваа власт. Со заштита на корупцијата и вмреженоста со правосудниот систем не се носат храбри, напротив се носат криминални одлуки. Сиот овој период на владеење на октоподот го отсликува криминал и корупција!

Почитувани,

„Рекет 2“ е продолжение на обидите на октоподот на власт да ја убијат борбата против високата корупција, „Рекет 2“ е продолжение на срамната истрага за „Рекет 1“, за забошотувањето на истрагата за „Леонардо“ и за сите коруптивни скандали на октоподот.

Почитувани,

Ова е неподносливо и неиздржливо за капацитетот на Македонија, потребни се итни избори, избори за обнова на Македонија и конечно понесување на одговорност за севкупната девастација на Република Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...