Клиничката болница Штип се уште без одговор од каде потекнува заразата на десет лица од Хепатит Ц

Интегрален текст од изјава за медиуми – Љубе Здравков советник од ВМРО-ДПМНЕ, во Совет на Општина Штип

Почитувани,

Веќе трета недела хаос, страв и очај владее меѓу пациентите, персоналот и граѓаните.

После 21 ден, Клиничката болница Штип се уште не дала одговор од каде потекнува заразата на десет лица од Хепатит Ц.

Граѓаните од источна Македонија се прашуваат дали кога одат да се лечат во здравствена установа, ќе заминат со неизлечливи болести. Епидемијата на Хепатит Ц, која се откри кај пациенти кои лежеле на  Одделението за ортопедија во Штип, ја шокираше јавноста. Меѓутоа, и после 21 ден, решение за проблемот нема, а секојдневно се зголемува бројката на заразени пациенти.

За случаи како овој, се затвораат болници и се поднесува одговорност, но кај нас уште чекаме одговор од надлежните кои без чувство на одговорност се обидуваат да најдат оправдување.

Овој случај ја наруши довербата во здравството и ја отвори Пандорината кутија на прашања, од кои очекуваме одговори во најкраток можен рок.

Кој ќе сноси одговорност за уништувањето на десетина човечки животи?

Кога директорот на Клиничката болница ќе покаже морална одговорност и ќе поднесе неотповиклива оставка?

Дали Министерот за здравство и Генералниот секретар ќе продолжат под тепих  да ги кријат проблемите или конечно ќе се соочат со гневот на граѓаните?

Одговори и одговорност мора да има!

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...
Најгоре